Професорот на економската мскиот факултет во Скопје Сашо Арсов со интересна мини анализа на можноста Македонија да започне преговори за членство во ЕУ на јунскиот самит.
Доколку официјална Софија се премисли и го повлече ветото за Македонија Унијата ќе најде некоја друга членка за да ја блокира земјава, анализира иронично професорот Арсов.
“Ако по некоја случајност Бугарија ,,омекне“ за јуни, министрите од ЕУ ќе имаат итен состанок да се договорат кој да ја блокира Македонија”, пишува професорот кој е еден од водечките макеоснаки експерти за менаџмент.
Кој е Сашо Арсов?
Сашо Арсов е роден 1971 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет, УКИМ во Скопје, а докторирал на истиот факултет во 2003 година. Во 2009 година се стекнал со звањето Сертифициран финансиски аналитичар (CFA). На Економскиот факултет работи од 1997 година, а од 2013 година е редовен професор. Предавал и на Graduate Center for Public Policy and Management “Macedonia”, University of Pittsburgh, USA, програма во Скопје (2005/6 година). Работел на повеќе проекти за потребите на Светската банка, UNDP, Европската комисија и други приватни и државни корисници. Во периодот 2008-2015 година бил член на Советот на Народната банка на РМ. Остварил студиски престои на BCID – Центарот за меѓународен развој во Брадфорд, ВБ, Универзитетот Фонтис во Ајндховен, Холандија, Универзитетот во Рејкјавик, Исланд и др.Неговиот научен интерес опфаќа: корпоративни финансии, финансиски пазари, меѓународни финансии, јавни проекти, проектен менаџмент и сл.Автор е на учебници по Финансиски менаџмент и Инвестициски менаџмент (коавтор).
Статусот на Твитер може да го погледнете ТУКА.
Извор: expres.mk