„Boдoвoд и кaнaлизaциja“ – Тетово paбoти нa нopмaлизиpaњe нa вoдocнaбдyвaњeтo вo гpaдoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на денот треба да се однесе и последниот трет дел од цевководот долг 60 метри во планинската месност Лешница со цел да се овозможи доток на вода за пиење во Тетово од новиот водоснабдувачки систем. Вчера безбедно биле однесени двата дела до оваа планинска месност во далечините на Шар Планина, шест километри од Бозовце во правец кон Лешница.

-Станува збор за големи делови од цевковод кои се тешки за пренесување, а и тоа што е планина уште повеќе ја комплицира работата. Деловите од цевките се долги по 20 метри па одвај се успеа да се носат низ Бозовце што е планинснко-ридско село со тесни улици, изјави Љуљзим Шаќири раководител на работната единица „Водовод и канализација“ при ЈКП Тетово.

При пристигнување на третиот дел од цевката во Лешница треба да започне постапката за спојување со два здрави дела од водоснабдувачкиот систем.

-Многу претпазливо се работи на местото каде беше отсечена цевката и дојде до прекин во водоснабдувањето поради ерозија на земјиште. Самиот одрон претставува опасност за луѓето кои работат таму со машини и копаат поради опасност од лизгање на земјата, објаснува Шаќири.

Откако граѓаните алармираа дека по 24 часа нема вода во повисоките населби како Колтук, Два Бреста и други најден е уште еден дефект во мрежата од полесна природа кој е отстранет.

-При вакви проблеми во целокупната водоводна мрежа се менува притисокот па страдаат вентили. Тоа се случило и со еден вентил од мрежата во правец кон повисоките населби, па тоа е санирано и сега и во тие населби ќе има вода кога ќе нема рестрикции, објаснува Шаќири. Во вторникот беше евидентиран проблемот во новиот водоснабдувачки систем поради што Тетово остана без 150 литри вода во секунда. Поради недоволните 200 литри од стариот систем и бунарите од средата започнаа рестрикции во водоснабдувањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This