дома Свет Boздyшни нaпaди вo Сирија пo нapeдбa нa Бајден

Boздyшни нaпaди вo Сирија пo нapeдбa нa Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели дека припаѓаат на проиранската милиција. Воздушниот напад е одговор на ракетниот напад врз американски цели во Ирак и тој беше со ограничена големина, можно е да нема ескалација, пренесува „Ројтерс“.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека во тие напади биле убиени 17 проирански борци.

„Три камиони муниција беа уништени во нападите. Многу луѓе беа убиени”, рече директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.

„По наредба на претседателот Бајден, американските воени сили извршија воздушни напади вечерва врз инфраструктурата што ја користеа милитантните групи со поддршка на Иран во источна Сирија“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Тој изјави дека Бајден ќе дејствува со цел да ги заштити американските и коалициските војници.

„Во исто време, дејствувавме на одреден начин со цел да ја деескалираме целокупната состојба во источна Сирија и Ирак“, додаде Кирби. Тој рече дека во нападите се уништени многу објекти на граничниот пункт што ги користеле проирански групи како Катаиб Хезболах и Катаиб Сајид ал-Шухада.