дома Свет Boзнемирувачко видео: Талибанците пykаат во оние кои се обидуваат да влезат или...

Boзнемирувачко видео: Талибанците пykаат во оние кои се обидуваат да влезат или излезат од аеродромот

Талибанците не им дозволуваат на луѓето да влезат или да излезат од аеродромот во Кабул и пукаат во оние што се обидуваат да го сторат тоа.

Аеродромот е преполн со луѓе кои се обидуваат да го напуштат Авганистан откако телибанците воспоставија контрола на целата територија на земјата. Аеродромот го обезбедуваат американски војници кои пристигнаа во последните неколку дена со цел да ги евакуираат американските дипломати и авганистанските државјани кои соработува со авганистанската и американската влада.

Неколку лица загинаа при обидите да се качат во авионите кои заминуваа од земјата.

Во моментот сите летови се во прекин, а нема информаци дали ќе продолжи евакуацијата.