дома Балкан (Boзнeмиpyвaчкa coдpжинa – 18+) ХOPOP: Hoви дoкaзи зa злocтоpcтвaтa нa Beљa Нeвoља

(Boзнeмиpyвaчкa coдpжинa – 18+) ХOPOP: Hoви дoкaзи зa злocтоpcтвaтa нa Beљa Нeвoља

Во српските медиуми се појавија нови грозоморни фотографии, можеби најстрашните досега, што покажуваат последици од тортура и касапење луѓе од членовите на кланот Веља Невоља и Марко Миљковиќ.

Иако фотографиите се вознемирувачки, медиумите ги објавија, истакнувајќи дека во овој момент поважен е јавниот интерес да се видат сторените злосторства, се со намера државата и нејзините институции да стават крај на таквите злосторства и криминалци.

Дел од овие слики неодамна им биле презентирани и на новинарите во Обвинителството за организиран криминал.

Инаку, овие материјали и пред судот ќе бидат искористени како еден од бројните докази против Веља Невоља и Марко Миљковиќ.

На фотографиите се прикажани мачените и искасапени тела на Горан Величковиќ и Лазар Вукичевиќ. Според неофицијални информации, тие биле пронајдени во телефоните, а обвинетите ги разменувале преку апликацијата Скај.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Објавената содржина е ВОЗНЕМИРУВАЧКА!!!

Вознемирувачката содржина може да ја погледнете на овој ЛИНК.