дома Свет (Boзнeмиpyвaчкo видeo) Бог дa чyвa: Дeцa „зa влaкнo“ ocтaнaa нeпoвpeдeни пpи пykaњe...

(Boзнeмиpyвaчкo видeo) Бог дa чyвa: Дeцa „зa влaкнo“ ocтaнaa нeпoвpeдeни пpи пykaњe вo САД

Полицијата во Њујорк објави драматично видео од несреќниот инцидент со пукање на 17 јуни во Бронкс во кој две деца за влакно избегнаа да бидат застрелани.

Видеото покажува осомничен кој повеќе пати пука во 24-годишна машка жртва. Полицијата барала информации за осомничениот и за уште еден човек, кој му помогнал да избега со скутер.

Видеото покажува како жртва се судира со две деца додека бега од стрелецот. Децата потоа паѓаат помеѓу жртвата и напаѓачот кој, како што може да се види, продолжува да пука.

Децата, некако, според локалните извештаи, останале неповредени.

Според „Ен-Би-Си Њујорк“, двете деца се десет и петгодишни сестра и брат, кои се наоѓале на само неколку метри од куќата.

Жртвата е во стабилна состојба, се вели во извештаите.

Видеото може да го погледнете ТУКА.