(Boзнeмиpyвaчкo видeo) Диpeктopкa нa yчилиштe вo Флopидa co дpвeнa дacкa тeпa шecтгoдишнo дeвojчe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорката на основно училиште во Флорида е под истрага заради тепање на девојче старо шест години со дрвена летва, бидејќи детето наводно расипало училишен компјутер. Целиот инцидент бил снимен од мајката на девојчето.

Мелиса Картер, директорка во основно училиште на Флорида, била снимена како во својата канцеларија со дрвена даска тепа 6-годишно девојче. На видеото кое го снимила мајката на девојчето, се гледа како Картер го удира девојчето неколку пати.

Директорката го казнила девојчето бидејќи тоа наводно предизвикало штета на компјутерот. Нејзината мајка тој ден дошла во училиштето за да ја плати штетата која ја направила нејзината ќерка, а глетката која ја затекнала во канцеларијата на директорката ја оставила мајката без зборови.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Таа се одлучила да го сними настанот за да може да им поднесе докази на надлежните органи за однесувањето на директорката. Целиот случај ги згрозил родителите и вработените во училиштето, пишува Мирор.

„Никогаш не сум го удрила своето девојче. Ова е недопустливо, не можам да верувам дека се случи такво нешто“, рекла мајката на 6-годишното девојче.

Тамошната полиција потврди дека го истражува инцидентот и дека директорката е моментално под истрага.

Авокатот Брет Провински кој работи со имигранти и кој е задолжен за случајот со девојчето, рекол дека овој настан би можел да остави трајни последици за психолошката состојба на детето.

„Директорката е под истрага и сигурно ќе биде казнета за направеното. Училиштето не дозволува никаков облик на казнување и ова што се случи е недопустливо“, рекол Провински.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This