дома Занимливости Bo Цpнa Гopa ce oдpжyвa нaтпpeвap вo лeжeњe – пoбeдникoт дoбивa 300...

Bo Цpнa Гopa ce oдpжyвa нaтпpeвap вo лeжeњe – пoбeдникoт дoбивa 300 евpa

Во Црна Гора има и натпревар по лежење. Во селото Брезна, близу Никшиќ по 10ти пат се организира натпревар од овој тип, а победникот добива награда од 300 евра. Досегашниот рекорд изнесува  52 часа.

Учесниците освен од земјата домаќин Црна Гора, доаѓаат од неколку земји од регионот. Правилата налагаат дека 8-темина натпреварувачи, колку што се пријавени, не смеат воопшто да станат, но дозволено им е да спијат и да читаат книга. Секако дозволени им се храна и пијалаци.

Новововедено правило е тоа што на секои осум часа им е дозволено одење во тоалет.