дома Свет Bo oвaa дpжaвa oд дeнecкa e зaбpaнeт Фејсбук: Пpичинaтa e пoвeќe oд...

Bo oвaa дpжaвa oд дeнecкa e зaбpaнeт Фејсбук: Пpичинaтa e пoвeќe oд jacнa пopaди cocтojбaтa вo зeмjaтa

Новата воена Влада во Мјанмар денеска ја блокираше социјалната мрежа Фејсбук поради објавување повици за граѓанска непослушност по превратот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Чи.

Фејсбук е популарна социјална мрежа во Мјанмар, а соборената Влада комуницира со своите приврзаници на тој начин.

Мобилниот оператор Теленор Мјанмар преку соопштение потврди дека мобилните оператори и интернет провајдерите во Мјанмар добиле инструкции од Министерството за комуникации привремено да го блокираат Фејсбук.

Теленор Мјанмар, кој е дел од норвешката група Теленор, наведе дека ќе се придржува до наредбата, иако се загрижени дека со тоа ќе се нарушат човековите права.

Фејсбук исто така ја потврди таа информација.

Група демонстранти се собраа денеска во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, во знак на протест против преземањето на власта од страна на армијата.

Видео на Фејсбук прикажува 20-на луѓе пред Медицинскиот универзитет во Мандалај. На еден од транспарентите поставени од демонстрантите пишува: „Луѓето протестираат против воениот удар“.

Демонстрантите скандираа барања за ослободување на уапсените политички лидери.

Ова е прв протест откако армијата ја презеде власта во понеделникот.