дома Актуелно BOEHOTO PAЗУЗHABAЊe ПОТПОЛНО УHИШTEHO: Состојбата во вoeното paзyзнaвање е драматична по мacoвнaта...

BOEHOTO PAЗУЗHABAЊe ПОТПОЛНО УHИШTEHO: Состојбата во вoeното paзyзнaвање е драматична по мacoвнaта партизација

Од извори во военото разузнавање и службата за безбедност во министерството за одбрана брифираат дека состојбата во таа безбедносна служба е значително девастирана и деградирана до степен на партиски огранок на СДСМ.

Да почнеме со ред.

За Раководител на военото разузнавање, Шеќеринска во 2017 година го постави контроверзниот и партиски војник Горан Василески кој веднаш и го унапреди во чин полковник иако истиот немаше безбедносен сертификат но и највисоко воено образование му воената академија. Иако имал и цивилно образование сепак, не е логично кадри кои имаат завршено командно штабни и ратни школи да му бидат подредени на човек без соодветно војничко образование. Единствени заслуги на Василески му се партиските активности и дивеењето по улиците пред доаѓање на власт на СДСМ, а после неговото назначување, Шеќеринска ја започнува комплетната партизација на военото разузнавање.

Како десна рака на Василески за партизацијата на службата му служи потполковник Александар Илиевски од Струмица. Илиевски има роднински врски со лица околу Заев. Лева рака на Василески за партизација му е потполковник Далибор Стефаноски кој е на директен линк со Шеќеринска и преку него таа врши повратна контрола во службата за разузнавање.

Понатаму, под раководство на овие високо позиционирани офицери во военото разузнавање се примени синот на градоначалникот од СДСМ во западниот дел на Македонија, Б.С, кој пак иако без никакво искуство дополнително предложил уште 4 поручници и еден капетан за директен прием во службата. Станува збор за лицата Д.Б, С.Б, Б.П, С.Н и И.С.

Во меѓувреме, на највисоко ниво во службата без никакво претходно искуство се примени и поставени на раководни позиции Д.К, Д.З, М.Н. и А.С.Б. Последното лице е во директни семејни врски со лице од кабинетот на Шеќеринска.

За заменик раководител на Василески пред 2 години беше поставен потполковник Ј.Ж, лице кое нема никакво претходно искуство нити пак предзнаења за воено разузнавање. Близината со ДУИ му ја носи заменичката фотеља. Но сепак, Албанци на раководни позиции во военото разузнавање воопшто и НЕМА, а последниот началник Албанец беше избркан од Василески од причини што му се познати нему и на заменикот министер Беким Максути.

Василески минатиот месец го избркал и единствениот Турчин во военото разузнавање. Професионалците во военото разузнавање се згрозени од моменталните состојби и партократијата на Василески затоа што се свесни дека набрзо и НАТО ќе ја согледа и воочи оваа состојба и истото може да има негативни последици.

Зошто на Шеќеринска и е потребна партизацијата на единствената служба која во целост беше реформирана по НАТО стандарди уште во 2007 година и која за целиот период добивала највисоки оценки од НАТО можеме само да претпоставуваме.

Сите горенаведени лица со иницијали и се познати на редакцијата, но поради заштита на нивниот идентитет нема да ги објавиме јавно.