дома Свет Bojckaта излегува на улица: Проглaсeна вонредна состојба на Хаити по yбиcтвото на...

Bojckaта излегува на улица: Проглaсeна вонредна состојба на Хаити по yбиcтвото на преседателот на земјата

Вршителот на должноста премиер на Хаити, Клод Џозеф, денеска прогласи состојба на вонредна во земјата, по убиството на претседателот Јонел Моис.

Вонредната состојба значи дека сите граници се затворени, како и дека воена состојба е привремено воведена, а хаитската армија и националната полиција на Хаити имаат овластување да го спроведуваат законот.

Џозеф рече дека не сака нацијата да „падне во хаос“ по убиството на претседателот, пренесува Си-Ен-Ен. Тој додаде дека одлуката за прогласување состојба на опсада е донесена на вонреден состанок на Советот на министри.