дома Занимливости BRITISH AIRWAYS ВЕРОЈАТНО УРНА РЕКОРД: Изведе најбрз подзвучен лет од Њујорк до...

BRITISH AIRWAYS ВЕРОЈАТНО УРНА РЕКОРД: Изведе најбрз подзвучен лет од Њујорк до Лондон

Компанијата British Airways веројатно го ypнa рекордот откако го изведе најбрзиот подзвучен лет, при што нејзиниот авион достигна брзина и од 1.200 километри на час.

Патничкиот авион Boeing 747-436, во текот на ноќта од сабота кон недела, од аеродромот „Џеј Еф Кенеди“ до „Хитроу“ стаса за само 4 часа и 56 минути.

Тоа е за една минута побрзо од летот на Virgin Atlantic, чиј Airbus стаса на на аеродромот само неколку моменти подоцна.

Претходниот рекорд беше на норвешка компанија од јануари 2018 година, кој истото растојание го мина за 5 часа и 13 минути.