January 17, 2022, 4:31 am

Bлaдa: Cилнo cмe cпpoтивcтaвeни нa кopyпциjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Македонија со исклучително внимание ги разгледува сите наоди и аспекти од извештајот на Стејт департментот на САД, после што забелешките ќе бидат адресирани до засегнатите чинители со цел уште повеќе да ги зајакнеме антикорупциските политики и да ја подобриме инвестициската клима во земјава.

Владата е одлучна и сериозно посветена на решавање на наталожените и децениски проблеми, а справувањето со високата корупција и организиран криминал е на врвот на приоритетните национални реформи кои веќе испорачуваат резултати. Прочистувањето на правосудството, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува човечкиот фактор при носењето одлуки и унапредувањето на системот за јавни набавки се неповратни процеси кои претставуваат препрека и закана за секој поранешен, актуелен и иден функционер кога е во прашање корупцијата.

Дека ваквите процеси даваат веќе видливи резултати говорат и расчистените судски процеси низ кои повеќе високи политичари се осудени за сериозни кривични дела, а десетици се во напредни судски постапки и се очекува конечен исход од страна на судовите. Правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот несомнено постапуваат неселективно, без разлика за кој функционер станува збор.

Меѓународните и домашните извештаи со сите нотирани податоци, се дополнителен мотив за Владата да продолжи со континуираната и неселективна борба против корупцијата, за обезбедување систем во кој институциите се во служба исклучиво на граѓаните. Со сите преземени мерки и предвидени иницијативи, Владата на Македонија упатува сериозна порака до сите носители на јавни функции, државни службеници и граѓани дека учеството во коруптивни активности не се исплати и сериозно ќе биде казнето.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This