дома Балкан Cилeн зeмjoтpec ja пoгoди цeнтpaлнa Бocнa

Cилeн зeмjoтpec ja пoгoди цeнтpaлнa Бocнa

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Федерацијата Босна и Херцеговина, а Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека епицентарот бил на 19 километри северно од Зеница. на длабочина од 10 километри.

Се наведува дека потресот со помал интензитет го почуствувале и граѓаните на Бања Лука, Тузла и Сараево.

Во моментов нема информации за штета или повредени.

– Убаво се тресеше неколку секунди – напиша еден корисник на ЕМСЦ од Чепче.

Корисниците на EMСЦ се согласуваат дека тоа беше краток, но прилично силен потрес.

– Беше СТРАШНО!, Напиша еден корисник.

Објавата може да ја погледнете ТУКА.