дома Хроника CИЛEЏИИ: Бoдигapдот на Кочо Анѓушев нaтeпaл човек во игротека

CИЛEЏИИ: Бoдигapдот на Кочо Анѓушев нaтeпaл човек во игротека

Личното обезбедување на вицепремиерот Кочо Анѓушев со помош на друго лице од игротека во Карпош исфрлиле лице кое реагирало дека пред неговата гаража било паркирано возило, дознава Лидер.

Според извори од МВР, жител на улицата „Орце Николов“ на 6 овој месец влегол во дворот на игротеката „Колорес“ и на висок тон почнал да вика кој паркирал пред неговата гаража и да ги навредува гостите во игротеката.

По ова, две лица, од кои едниот вработен во шестата управа и лично обезбедување на вицепремиерот Анѓушев, кои биле гости во игротеката, со насилно туркање го изнеле надвор дворот.

Обезбедувачот на Анѓушев заработил прекршочна пријава, а иста таква добил и револтираниот граѓанин кому му паркирале возило пред гаражата.