дома Македонија Cкaндaл: Цаца се врати на работа

Cкaндaл: Цаца се врати на работа

Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот се врати на работното место.

Докторката заработи кривична пријава од полицијата, а Основното јавно обвинителство Скопје предложи да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра. Лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе и биде одземена лиценцата за работа, во меѓувреме докторката се врати на клиниката.