дома Хроника Cтpaшнa paботa…: Co aвтoмoбил yдpил во мaлoлeтен пeшaк и избeгaл –...

Cтpaшнa paботa…: Co aвтoмoбил yдpил во мaлoлeтен пeшaк и избeгaл – пoлициjaтa гo нajдe

На 30.09.2021 во 14.11 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „југо“, со демиркаписки регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштил местото, информира МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.

По преземени мерки од полициски службеници е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.