„Cвaдбapи“ дoбилe дpжaвнa пomoш: Естpaдните yмeтници гнeвни на Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на 10 јуни на седница донесе Уредба со законска сила за финансиска поддршка на естрадните уметници за време на вонредна состојба, за уредување на условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, за месеците април и мај 2020 година.

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари.

За исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка одлучуваше посебна комисија во која според Владата членуваат „истакнати естрадни уметници“. Во Комисијата која одлучуваше за тоа кој ќе добие државни пари членуваа Душко Георгиевски и Горјан Стојановски.

Македонската естрада беше силно погодена од корона кризата, полицискиот час, протколите во ресторани, кафеани и кафулиња, како и забраната за масовни собири и концерти директно ги оневозможија македонските естрадни уметници да си го заработат лебот, па така голем беше интересот за државна помош.

379 уметници побараа помош од државата, а од нив само 58 добија државни средства за да ја пребродат кризата.

Сепак она што е интересно е тоа што од оние 58 кои добија државни пари нема ниту едно звучно име, познато за македонската публика. Се поставува прашањето какви биле критериумите за доделување на државна помош? Дали како и претходно при доделувањето на државни грантови главен критериум биле роднинските, пријателските и партиските конекции, а не квалитетот.


Kaко што претходно напоменавме листата на баратели на помош е долга, а неа се најдоа добро познати домашни имиња, како Наум Петрески и Ферус Мустафов и многу останати уметници.

До нашата редакција секојдневно пристугнуваат поплаки од музичари и уметници кои што не знаат како ќе го поминат месецот, бидејќи дејноста која им носи леб на масата во моментов е забранета.

Гневен на ваквата одлука меѓу првите реагираше Наум Петрески.

„Носете се во мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди без никаков багаж и тежина, сосе шарената ваша Влада“, напиша фолк пејачот Наум Петрески на официјалната страна на Фејсбук на Зружението на естрадни уметници на Македонија.

Се поставува прашањето кои биле критериумите за добивање државна помош и како државата понатаму ќе го помогне овој сектор со оглед на фактот што на пандемијата не и се гледа крајот и секој месец имаме нов пик?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This