дома Свет Cилeн зeмjoтpec гo пoгoди бpeгoт нa Tajвaн

Cилeн зeмjoтpec гo пoгoди бpeгoт нa Tajвaн

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена според Рихтерова скала го погоди утрово брегот на Тајван, соопшти Американскиот завод за геолошки истражувања.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од десет километри под површина на земјата и 9,3 километри југоисточно од градот Хуалјан, каде живеат 350.000 луѓе.

Засега нема информации за причинета материјална штета и евентуални жртви, ниту предупредување за опасност од цунами.