April 24, 2024, 12:37 pm

Cимптoмитe нa дeлтa cojoт paзлични oд opигинaлниoт вид oд Вухан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На почетокот на пандемијата, владините агенции и здравствените власти се обидоа да ги информираат луѓето за тоа како да ги препознаат симптомите на вирусот. Сепак, раните извештаи за симптомите на делта вирусот покажуваат дека тие се разликуваат од вообичаените со кои досега најмногу ги поврзувавме со ковид-19.

Начинот на кој вирусот ја предизвикува болеста зависи од два фактори.

Едниот е вирален и ја вклучува стапката на репликација, како и начинот на пренесување. Виралните фактори се менуваат како што еволуира вирусот.

Вториот фактор зависи од носителот на вирусот и врз него може да влијае пред се возраста, полот, употребените лекови, исхраната, стресот и здравјето.

Според податоците од Обединетото Кралство, кои беа собрани преку апликација во која корисниците сами ги пријавуваат симптомите на болеста, се чини дека симптомите на ковид се сменија во однос на оние предизвикани од оригиналниот вид од Вухан.

Треска и кашлица се вообичаени симптоми на ковид-19 од почетокот на пандемијата, додека главоболки и болки во грлото се појавија кај некои пациенти.

Сите овие симптоми се јавуваат кај луѓе заразени со делта сојот. Но, течење на носот досега не се споменуваше како симптом, но тоа се смени со новиот вид на коронавирус, пишува The Conversation.

Губење на сетилото за мирис на почетокот на пандемијата беше еден од најчестите симптоми на коронавирус. Кај заразените со делта сојот, аносмија е на деветтото место.

Промените во симптомите исто така може да бидат поврзани со вакцинацијата. Повеќето стари лица се вакцинирани против ковид-19, па сега помладите повеќе се разболуваат. Тие генерално ги имаат гореспоменатите поблаги симптоми на болеста.

И промените во самиот вирус можат да влијаат на промената на симптомите. Но, сè уште не е сосема јасно зошто симптомите на болеста се менуваат со новиот вид.

Досегашните податоци покажуваат дека делта сојот на коронавирусот е позаразен во однос на оригиналниот вид, но исто така и во однос на другите распространети соеви.

Научниците веруваат дека делта сојот е попренослилв од другите соеви. Експертите посочуваат дека е потребно да се вакцинираат што повеќе луѓе за да се заштитат, а производителите на одобрените вакцини велат дека нивните вакцини се исто така ефикасни против делта сојот.

Ако забележите какви било симптоми, дури и ако станува збор само за затнат нос, треба да направите тест против ковид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This