дома КОВИД-19 (Коронавирус) Cитe лeкapи oд тимoт нa Бeлaтa кyќa вo вpeмe нa Трамп дoбивaлe...

Cитe лeкapи oд тимoт нa Бeлaтa кyќa вo вpeмe нa Трамп дoбивaлe cmpтни зakaни

Смртни закани добивале сите лекари од тимот на Белата куќа за одговорот на пандемијата на Ковид-19 во време на поранешниот претседател Доналд Трамп. Тоа го изјави координаторот на тимот Дебора Брикс за Си-Ен-Ен.

На почетокот на епидемијата имаше извештаи дека водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи мораше да ги засили безбедносните мерки поради зголемениот број на смртни закани, а д-р Брикс тврди дека таквите закани ги примиле сите лекари од тимот.

Според неа, некои од заканите беа „Подобро за земјата да си мртов“, „Вие ја водите земјата погрешно“ и „Треба да ти се исече јазикот“.

Брикс додаде дека нејзините ќерки исто така добивале закани и дека бројни пораки содржеле и сексуални алузии. Таа изјави дека заканата ја пријавила на Стејт департментот на почетокот, но дека подоцна немала време да се справи со нив.