дома КОВИД-19 (Коронавирус) Cитyaциjaтa вo Индија излeзe oд кoнтpoлa: Втop дeн peкopдeн бpoj нoвoзa6oлeни, дeл...

Cитyaциjaтa вo Индија излeзe oд кoнтpoлa: Втop дeн peкopдeн бpoj нoвoзa6oлeни, дeл oд бoлниците без киcлopoд

Во претходните 24 часа Индија регистрираше нови 332.730 случаи на коронавирус, што е рекорден број во светот, втор ден по ред.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие бројот на починати е 2.263 што исто така е највисок до еден ден. Вкупниот број на починати лица изнесува 186.920.

Во Индија регистирани се над 16 милиони случаи на Ковид-19 од почеток на пандемијата.

Најмалку две болници во Њу Делхи комплетно останале без медицински кислород во време на големата здравствена криза.

Би-Би-Си пренесува дека многу луѓе починале чекајќи кислород, а речиси целосно се исполнетите капацитети на интензивните неги во болниците во Њу Делхи.