Cкoкнa биткoинoт нa нajвиcoкo нивo oд пoчeтoкoт нa 2018 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најважната криптовалута биткоинот порасна најд нивото од 15.000 долари, што е негово највисоко ниво од јануари 2018 година.

Станува збор за дневен скок од речиси 9 отсто, на 15.223 долари, за што аналитичарите сметаат дека е последица на неизвесноста околу американските избори.

Биткоинот е на мета на оптимистите во текот на целата оваа година, поради што двојно ја зголеми својата вредност. Неговиот голем скок доаѓа благодарение на невидениот поттик на глобалните влади и централните банки во текот на пандемијата од коронавирус, за кои некои познавачи од индустријата веруваат дека виртуелната валута ја направила попривлечна од класичните валути како доларот.
„Создавањето на биткоинот делумно беше поради стравовите дека зголемениот фискален поттик ги девалвира валутите на глобално ниво“, рече Симон Петерс, аналитичар за криптоасетс на инвестициската платформа еТоро.
Додаде дека како резултат на тоа, кога централните банки ќе најават крупни планови за вбризгување на пари во економиите, многу вложувачи во крипто заедницата тоа го сфаќаат како главен сигнал за купување на биткоини.

Инвеститорите ги чекаат најновите објави за монетарната политика на Федералните резерви, при што Федералните резерви на САД се очекува да ги задржат каматните стапки во текот на ноќта близу до нула и да ја повторат потребата од дополнителен фискален стимул.

Но долготрајната неизвесност околу исходот на американските претседателски избори 2020 значи дека е малку веројатно дека во блиска иднина ќе се договори уште еден пакет за поттикнување на мерките за коронавирус.

„Како што се ближат при крај американските избори, деталите за фискалниот поттик би можеле да станат појасни. Било кој таков пакет би можел да види слабеење на американскиот долар и натамошно зголемување на цените на биткоинот во иднина“, рече Петерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This