дома Свет Cкoкнa вpeднocтa нa дoлapoт: Тpeтa нeдeлa пo peд вaлyтaтa pacтe

Cкoкнa вpeднocтa нa дoлapoт: Тpeтa нeдeлa пo peд вaлyтaтa pacтe

Расте вредноста на доларот. Оваа валута зајакнува трета недела по ред во однос на кошницата со валути. 

Курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна за 0,9 проценти, на 110,70 јени. Во однос на еврото има раст за 0,3 проценти, па цената на еврото се лизна на 1,1760 долари, близу до најниското ниво од ноември минатата година. Доларот го заврши првиот квартал на оваа година со добивка од околу 3,6 проценти во однос на кошницата со валути, што е најголема квартална добивка од 2018 година.

Загриженоста за оправувањето на економијата во еврозоната, влијаат на вредноста на еврото. Третиот бран на коронавирусот не ветува дека економијата брзо ќе се врати во нормала.