Cпектаклот кој се направи од партиските избори на СДСМ е koмплекс на нecигурност и инфeриорност на Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Арбен Таравари, градонначалникот на Гостивар за „Што не е јасно“ на Алфа вели дека спектаклот кој се направи од партиските избори на СДСМ е комплекс на несигурност и инфериорност на Зоран Заев, како да не верува и не е сигурен и му треба да се потврди дека тој Зоран Заев е лидер на партијата.

– Ако се анализира се, Заев има комплекс на инфериорност, на несигурност. По победата на локалните избори во 2017 година, започна падот. На претседателските со цела власт заедно со три партии на Албанците во првиот круг едвај победија со 2-3 гласови разлика и тоа беше пирова победа. Во 2020 на парламентарните со Беса и огромен број на партии и кога даваа пари на граѓаните и беа популарни, кога беше херој министерот за здравство, тие победија со 10.000 гласа, испадна мала бројка на пратеници, потенцира Таравари.

Тој посочи дека СДСМ има околу 32 пратеници, а Заев често сака да ги стави на тест, но има сигнали, а тоа се пратеници кои излегуваат и си формираат свои групи, што се знаци на несигурност како што во медицината секоја болест има симптоми.

– Тие се дисфункционални, и тоа го кажав уште во ноември. Заев и СДСМ ќе молат да има со локалните и парламентарни избори. Гледате се бара широка коалиција. Не е во состојба да избира, туку да го изгуби мнозинството. Партиите од коалицијата во власта се чувствуваат излажани, дадени им се ветувања кои не се исполнети, нагласи Таравари.

Во однос на Собранието, Тавари вели дека на опозицијата не е работа да обезбеди кворум туку на власта, а тие во последните 2-3 месеци дали имале 4 седници на Парламентот, што обичен граѓанин не може да помисли дека се е во ред и се функционира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This