дома Македонија Cпacoвски за акциjaта вo Apaчиново: Пpиведeните ce онaмy кадe штo тpeба да...

Cпacoвски за акциjaта вo Apaчиново: Пpиведeните ce онaмy кадe штo тpeба да бидaт

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска рече дека досега се приведени осуммина по двата дена акција за пронаоѓање на бандата во Арачиново и Горно Мојанци по украдените два тони канабис од фабрика во валандовско Јосифово.

– Приведените се онаму каде што треба да бидат. Во суд, во обвинителство, во притвор. Секако дека ќе има притвор за нив затоа што се работи за недозволена трговија и шверц на дрога. Сите ќе бидат притворени – рече Спасовски.

Тој рече дека МВР сè уште нема да излезе со целосен извештај од акцијата, затоа што, како што истакна, истрагата и натаму трае и може да биде загрозена со изнесување на повеќе детали во јавноста.

На прашањето зошто фармата во валандовско било слабо обезбедена, тој рече дека за секој производител на канабис е пропишана и заштита со техничко и физичко обезбедување, како и системот на контрола.

– Ние вршиме контрола само како работат агенциите за обезбедување – рече Спасовски.