Cтопиpajте ja имплементациjaта на Пpecпанскиот договop: Гeниjaлен мaкeдонски ум понуди peшение на спopoт co Бугapија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот од катедрата Смитс за економија при канадскиот “Кралски универзитет” Гоце Андревски открива кое е единственото можно решение на спорот со Бугарија кое е во интерес на Македонија.

Професорот Гоце Андревски, Македонец – научник кој се занимава со стратегија и организација ја открива стратегијата која може да ја донесе Македонија во добитна позиција на патот кон ЕУ.

Тој во емисијата Заспиј Ако можеш на Алфа со Горан Момироски открива што треба да сторат македонските власти за да излезат од дебатата со Бугарија со која треба да се даде поголем или помал дел од националното достоинство.

Според него Бугарија сега ги има условно кажано „запалено бродовите“ тие не можат да одат ниту напред ниту назад во однос на нивната позиција, а ако Македонија прифатин компромис со Бугарија, само македонската страна ќе изгуби бидејќи се преговара за македонскиот идентитет.

Андреевски го нуди следното решение…Стопирање на имплементацијата на Преспанскиот договор со цел

-Ќе го стопираме имплементирањето на Преспанскиот договор, не го укинуваме, го стопираме, доколку го стопираме Грција ќе има две можности. Или ќе стави вето, што во моментов ќе нема никаква тежина, безпредметно е затоа што веќе имаме вето од Бугарија. Дали имаме две вета или десет вета, исходот е ист. Оваа опција на Грција да стави вето на ветото нема никаква тежнина. И многу побитно ова не е најдобрата опција за Грција, ако гледате што е најдобро за Грција и Македонија заедно тогаш ќе видите дека впрочем на Грција и одговара ако сака да си го имплементира својот договор, да проба да го елиминира бугарското вето затоа што е постара членка, затоа што може да направи подобри коалиции во ЕУ и со тоа Грција ќе добие тоа што бара, а Македонија влегува директно во ЕУ. Ако Грција опстои на своето вето, ќе започне процесот на враќање на уставното име, ако Грција проба да го надмине ветото на Бугарија, добиваме ЕУ, вели Андревски.

-Целта на Преспанскиот договор беше ЕУ и е условена од другиот договор, штом едниот договор го условува другиот тогаш се меѓузависни и не само што се меѓузависни туку се е и комплементарни, додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This