дома Македонија Cтопaнcтвото пpeд koлапc: „Македонијатурист“ ja прогласи оваа деловна година „ за yмpeнo“?

Cтопaнcтвото пpeд koлапc: „Македонијатурист“ ja прогласи оваа деловна година „ за yмpeнo“?

Македонијатурист“ нема да достави и објави бизнис план за оваа година затоа што не може да направи проценка за идните економски текови годинава, соопшти најголемата македонска хотелиерска компанија

Најголемата хотелиерско – угостителска компанија во нашата држава „Македонијатурист“ нема бизнис план за тековната година и нема да го прави со оглед на околностите и ограничувањата предизвикани од здравствената пандемија, ги информираше компанијата своите акционери и потенцијални инвеститори преку системот за известување СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност.

Во нивното објаснување кое произлегува од обврската за објава на бизнис план за 2021 година наведуваат дека ова деловното опкружување не дава услови за изработка на бизнис план. Еве цитат од дел од соопштението на најголемата македонска хотелиерска компанија:

Проценките за 2021 година се дека глобалната пандемија нема да намали со својот интензитет и поради тие причини Друштвото нема реална основа врз која ќе може да направи проценка за идните економски текови и не е во можност да направи Бизнис план за 2021година.

Целото известување е достапно на следниот линк.

Македонијатурист“ минатата година ја заврши со загуба од речиси 600.000 евра што е прв пат во последниве 20 години оваа компанија да работи со загуба.

Извор: Фактор