March 29, 2024, 12:31 am

Cтoтици Maкeдoнци дневно ocтaнyвaaт бeз paбoтa, oтпyштaњe на вpaбoтeни во Млeкаpa Тeтoво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без да имаат ставено потпис на било каков документ, денеска „спогодбено“ од работа се испуштени вработени од Млекара Тетово, освен админстративните лица. Ваква информација на својот Фејсбук профил објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Тетово, Александар Велјаносвски кој тврди дека до него пристигнале жалби од испуштените работници.

– Работниците во Македонија се оставени сами на себе, и се на работ на егзистенција. Денеска до мене како пратеник пристигнаа жалби од вработени во Млекара Тетово, дека сите вработени, освен административните работници се “спогодбено” отпуштени од работа, без притоа да имаат ставено свој потпис на било каков документ. Според нив, со фалсификувани документи, без нивна согласност се одјавени од работа – вели Велјановски.

Според неговите информации, исто така денеска не им бил дозволен влезот во млекарата и им е кажано дека ќе користат пари од државата, што не им следува затоа што им е фалсификувана волјата, односно одјавени се спогодбено.

– Правата на работниците се злоупотребуваат се повеќе во Македонија. Ги повикувам сите вработени кои што имаат основани сомневања дека се работи за фалсификување на нивниот потпис и волја јавно да проговорат и да ги бранат своите права. Доколку е потребно правна помош, може слободно да ме контактирате за да се изнајде правна помош за секој од вас – нагласи тој.

Исто така, ги повикува институциите да ги заштитат правата на работниците кои се на работ на егзистенцијата, благодарение, како што вели “на лошите политики на Владата“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This