дома КОВИД-19 (Коронавирус) Cтpyмичкитe yгocтитeли yтpoвo нa нoзe: Ги бapaмe cтapитe мepки зa cлoбoдeн влeз,...

Cтpyмичкитe yгocтитeли yтpoвo нa нoзe: Ги бapaмe cтapитe мepки зa cлoбoдeн влeз, мoмeнтaлнитe мepки coздaвaaт пoдeлбa нa гpaѓaнитe

Поради незадоволството од новите рестрикции утрово на протест излегуваат струмичките угостители.

Од вторник од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираме улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме Владата да го прифати нашето барање, велат од Угостителското здружение од Струмица и најавуваат дека ако не им се исполни барањето, ќе одат и со поостри мерки.

Оттаму посочуваат дека во овие години трпат најголеми последици од кризата и дека е време Владата да донесе нови мерки што ќе бидат и во нивна корист.