дома Македонија Cтyдeнтите баpaaт државата да ги пoкpиe дополнителните тpoшоци за cтyдиpaње

Cтyдeнтите баpaaт државата да ги пoкpиe дополнителните тpoшоци за cтyдиpaње

Државата да ги субвенционира сите дополнитени трошоци за студирање, освен партиципацијата, бараат од студентското Собрание на Економскиот факултет при УКИМ.

Студентите сметаат дека се преоптоварени со дополнителни трошоци, кои достигнуваат и до 100 евра годишно.

Поддршка имаат и од студентските собранија од повеќе други факултети. Се обратиле и до Министерството за образование, но оттаму до сега немаат одговор. Доколку институциите продолжат да ги игнорираат нивните барања не ја исклучуваат можноста да излезат на улица.

Инаку, прес конференцијата на која ги кажаа своите барања студентите ја закажаа пред својот матичен факултет, но на медиумите не им беше дозволено да снимаат во кругот на факултетите, па студентите беа принудени да дадат изјава пред камерите надвор од кампусот.