дома Европа Cтyдиja нa pycките нayчници: Пoeфикacнo e 6oлнитe дa ce лekyвaaт co kpвнa...

Cтyдиja нa pycките нayчници: Пoeфикacнo e 6oлнитe дa ce лekyвaaт co kpвнa плaзмa oд вakциниpaнитe

Истражувањето кое го спроведе Воената медицинска академија Киров покажа дека третманот на пациенти со Kовид-19 со крвна плазма донирана од вакцинирани лица е поефикасна од плазмата донирана од пациенти кои се опоравиле од корона инфекција, објави руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека третманот на пациенти со крвна плазма на вакцинирани донатори во руските воени медицински институции започна во ноември 2020 година.

“Првата организација што го користеше овој метод беше Општата воена клиничка болница Бурденко. Воената медицинска академија Киров во Санкт Петербург работи на проценка на ефективноста на употребата на плазмата од вакцинирани лица при лекување навирусната инфекција. Истражувањата покажаа поголема активност на плазмата од вакцинираните донатори во неутрализацијата на вирусот отколку плазмата на оние кои се опоравиле “, се вели во соопштението.

Министерството додава дека луѓето со голем број антитела се избрани да бидат донатори, што е околу 10 проценти од сите вакцинирани, објави ТАСС.

Повеќе од 100 литри плазма донирана од вакцинирани лица е складирана во 2020 година, а Министерството планира да складира годинава над 120 литри.