дома Македонија CУДOT ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТИ: Темелна дезинфekција во Kpивичен cyд секоја среда...

CУДOT ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТИ: Темелна дезинфekција во Kpивичен cyд секоја среда и петок

Судници, ходници, санитарни јазли, шалтери и сите останати простори во новата и стара зграда на Кривичен суд – Скопје, денеска и во петок на 20 март ќе бидат темелно дезинфецирани, информираат од Кривичниот суд – Скопје.

Согласно препораките на Владата овие дезинфекци ќе се вршат секоја среда и секој петок се додека постои потреба. Воедно за заштита од ширење на корона вирусот како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска, се наведуваа во соопштението на Кривичниот суд.

Оттаму упатуваат апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата.

Судот во текот на денот ќе ја информира јавноста во однос на одлуката на Судскиот совет за сите закажани итни и неодложни судења во следниот период.