дома КОВИД-19 (Коронавирус) C3O глeдa на „гpaвчиња“: Hи 10% од свeтcкaтa попyлациja не е имyнa...

C3O глeдa на „гpaвчиња“: Hи 10% од свeтcкaтa попyлациja не е имyнa на кopoна

Помалку од 10% од светската популација има антитела за коронавирусот, а вакцинацијата е единствениот начин да се постигне „имунитет на стадото“, смета Сумија Сваминанатан, главен истражувач на СЗО.

Таа истакна дека СЗО ги следи студиите што ги анализираат епидемиите во некои градови низ светот и дека иако истражувањата покажуваат дека понекогаш близу половина од населението во големите густо населени градови имаат антитела кон коронавирусот, тоа не ни дозволува да зборуваме за постигнување имунитет на стадото.

„СЗО ги следи овие серо-епидемиолошки студии и ако ги погледнеме заедно, ќе излезе дека помалку од 10% од светската популација има антитела кон вирусот“, рече Сваминанатан. Единствениот начин да се постигне имунитет на стада ширум светот е преку вакцинација, рече Сваминанатан.