дома КОВИД-19 (Коронавирус) C3O: Речиси 203.000 3apaзени со Koвид-19 во cвeтот за еден ден

C3O: Речиси 203.000 3apaзени со Koвид-19 во cвeтот за еден ден

Во изминатото деноноќие во светот се регистрирани 202.726 новозаразени случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заболени лица се зголеми на 14,76 милиони, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Како што е соопштено, во истиот период починале повеќе од 4.000 лица и со тоа бројот на смртни случаи надмина 612.000. Најголем број новозаразени се потврдени во Северна и Јужна Америка, 109.052, со што од почетокот на пандемијата досега се инфицирани 7.811.127 луѓе. Најмногу пријавени случаи и понатаму имаат САД, а потоа следуваат Бразил, Индија, Русија, Јужноафриканската Република и Перу.