дома КОВИД-19 (Коронавирус) C3O ја издаде првата итнa дозвола за вakцината на Фajзер

C3O ја издаде првата итнa дозвола за вakцината на Фajзер

Светската здравствена организација (СЗО) го даде првото итно одобрение од почетокот на пандемијата ковид-19, за вакцините на Фајзер и Бајонтек, олеснувајќи им го така процесот на државите кои сакаат што е можно поскоро да започнат да ја користат, соопшти агенцијата на ООН.

„Ова е исклучително позитивен чекор во гарантирање на универзален пристап до вакцините против ковид-19“, рече Марианџела Симао, директорка задолжена за пристап до лекови при СЗО.

Оваа постапка, која СЗО може да ја користи во итни случаи, им овозможува на земјите кои нужно не располагаат со средства за брзо утврдување на ефикасноста и безбедноста на некој лек, да имаат побрз пристап до терапијата.

Истовремено, ова одобрение му овозможува на УНИЦЕФ, агенцијата на ООН задолжена за важен дел од логистиката за дистрибуција на вакцини против ковид-19 ширум светот и Панамериканската здравствена организација да купат вакцини што ќе бидат дистрибуирани до сиромашните земји, се вели во соопштението за јавноста.

Вакцината Фајзер/Бајонтек веќе неколку недели се користи во Велика Британија, но исто така и во земјите на ЕУ, во САД и Швајцарија.

Досега со неа се вакцинирани неколку милиони луѓе. Се проценува дека ефикасноста му е висока дури 95 проценти, но отежнувачка околност е складирањето на температура од минус 80 степени Целзиусови, што го отежнува и складирањето и дистрибуцијата.