дома Хроника Caмo во Скопје kaзнeти 177 вoзaчи, oд кoи 32 зa бpзo возење

Caмo во Скопје kaзнeти 177 вoзaчи, oд кoи 32 зa бpзo возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 13 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, 30 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, 10 за непрописно престројување, 54 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.