дома Хроника Caнкциoниpaни нaд 190 вoзaчи зa бpзo вoзeњe нa aвтoпaтoт Куманово-Скопје-Велес

Caнкциoниpaни нaд 190 вoзaчи зa бpзo вoзeњe нa aвтoпaтoт Куманово-Скопје-Велес

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возило.

Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.