дома Хроника Caнкциoниpaни 393 вoзaчи во Скопје вчepa, oд кoи 164 за пpeчeкоpeнa бpзинa

Caнкциoниpaни 393 вoзaчи во Скопје вчepa, oд кoи 164 за пpeчeкоpeнa бpзинa

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 393 санкции, информираат од МВР.

Полициските службеници вчера казниле 27 лица кои возеле без возачка дозвола, напишале 164 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, и 22 прекршоци за нерегистрирани и технички неисправни возила. Воедно санкционирани се 16 мотоциклисти.

Полицијата вчера изрекла 92 мерки за непрописно паркирани возила, а дополнително 85 возила се подигнати со пајак (вкупно 177). Во текот на вчерашниот ден изречени се и 37 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавија дека ќе продолжат со засилените акциски контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.