дома Хроника Caнкциoниpaн 381 вoзaч вo Скопје вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн

Caнкциoниpaн 381 вoзaч вo Скопје вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 381 меркa, меѓу кои 44 за возење без возачка дозвола, 30 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило. Изречени се 9 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 72 мерки за непрописно паркирање и 51 возило се подигнати со „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 71 санкција.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.