дома Свет Caмo вo САД: Американска пpoфecopкa cпиeлa 30 пати co 14-гoдишeн yчeник

Caмo вo САД: Американска пpoфecopкa cпиeлa 30 пати co 14-гoдишeн yчeник

Алиса Густафсон, професорка од училиште во Илиноис, е прогласена за виновна за недозволен сексуален однос со малолетен ученик и наредните 18 месеци ќе ги мине во затвор.

Одбраната моментално се обидува да ја ослободи, односно да ја префрли од ќелијата на слобода за казната да ја одработи со социјално-корисна работа.

Алиса била приведена по анонимна пријава дека во автомобил во близина на паркингот на училиштето каде работела водела љубов со 14-годишно дете, чиј идентитет е сокриен од јавноста.

Полицијата имала полни раце работи да ја одвои Алиса од момчето. Плачела по него, му праќала бакнежи и му велела дека повторно ќе бидат заедно кога оваа збрка ќе заврши.

Недоличната врска со ова момче професорката ја започнала во март 2019-та година кога го забележала детето на час по физичко. Тогаш, според нејзините зборови, во ходникот на училиштето два пати му кажала дека изгледа позрело и помажествено од своите врсници.

„Не можев против своите чувства. Кога прв пат се соблече на час, бев на трибините со колешка. Занемев колку беше убав и згоден”, признала професорката.

Тогаш решила да го заведе, па дури и по цена на отказ. И успеала во тоа. Повеќе од 30 пати имале сексуални односи.

Грешката Алиса ја направила кога почнала да се допишува со момчето на Фејсбук и Снепчет, каде му праќала голи фотографии. Една од фотографиите случајно видела неговата мајка.

„Мислев дека е некоја врсничка, па не реагирав веднаш. Го прашав, а тој не ми призна веднаш дека станува збор за негова професорка”, рекла неговата мајка.