дома Хроника Caмo вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн пoлициjaтa kaзни 471 вoзaч зa бpзo...

Caмo вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн пoлициjaтa kaзни 471 вoзaч зa бpзo вoзeњe

Во текот на вчерашниот ден (27.06.2021) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 471 возачи.

Од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово-84, потоа СВР Охрид-67…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.