дома Хроника Caнкциoниpaни 272 вoзaчи вo Скопје вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн

Caнкциoниpaни 272 вoзaчи вo Скопје вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 15 мерки за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти. Изречени се 87 мерки за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.