дома Хроника Caнкциoниpaни 371 вoзaчи, 120 за пpeчeкоpyвaњe на бpзинa

Caнкциoниpaни 371 вoзaчи, 120 за пpeчeкоpyвaњe на бpзинa

Во текот на вчерашниот ден МВР продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 371 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 16 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 120 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 18, 32 санкционирани мотоциклисти, 128 возила подигнати со пајак, а изречени се и 31 санкции за неносење на заштитна маска,“ информираат од МВР.

Од таму најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.