дома Хроника Caнкциoниpaни 396 вoзaчи вo Скопје вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн

Caнкциoниpaни 396 вoзaчи вo Скопје вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн

Вчера во Скопје 46 граѓани возеле без возчка, а 27 ги управувале своите возлила кои биле технички неисправни и нерегистрирани. При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата во текот на вчерашниот ден санкционирала 396 возачи.

Од полицијата соопштија дека од санкционираните 20 мерки се за недавање првенство на пешаци, 14 санкции за користење на мобилен телефон и 49 мерки на прекршоци направени од пешаци. За непрописно паркирање изречени се 87 мерки, а изречени се 54 мерки за неносење на заштитна маска.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.