дома Македонија Caшо Mиjaлкoв на стpaницата нa MBP – Ce бapa co мeѓyнapoдна потepница

Caшо Mиjaлкoв на стpaницата нa MBP – Ce бapa co мeѓyнapoдна потepница

По поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како обвинет во случајот „Таргет и Тврдина“, ќе се трага и со меѓународна потерница.

Потерницата ја распиша Кривичниот суд на барање на МВР.

-Заради интерес на медиумите во однос меѓунардоната потерница за обвинетиот С.М., ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, предпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода.

Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решени за согласност за распишување меѓународан потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот, информираат од Кривичниот суд.