April 25, 2024, 12:37 am

Caшo им ja зaвpши кapиepaтa: Лyѓe кaкo мyви yмиpaaт онoj бyдaлaнa гo фaли 3aeв – He ви ce плaшиme

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓе како муви умираат секој ден, додека будалана го фали Заев, а една вакцина нема купено. Секоја негова мерка антиковид пропадна. Ти вика опасно е дома да ти дојдат пет гости на ракија, а ваму те убедува дека не е опасно да ти влезат петорица непознати да те попишат, напиша на својот Фејсбук профил Сашо Тасевски во врска со заканите на владата дека ќе ги казнуваат оние кои нема да се попишат.

Тасевски потенцираше дека на Власта и останаа само заканите и казните, а повика до сите да покажат карактер како и за референдумот и да покажат дека не се плашат од никого.

-А бе не им ги ширете паниките и заканите дека ќе го казнуваат 300 евра секој кој не се попише.

Само тоа им остана. Заканите.

Покажете уште еднаш карактер, како за референдумот. Нема да им се плашиме.

Луѓе како муви умираат секој ден, додека будалана го фали Заев, а една вакцина нема купено. Секоја негова мерка антиковид пропадна. Ти вика опасно е дома да ти дојдат пет гости на ракија, а ваму те убедува дека не е опасно да ти влезат петорица непознати да те попишат.

За малоумни ли не сметаат?

Не постои јавно здравство. Да се разболеш, ќе умреш у некоја чекална, зашто немаш 16 илјади евра да му платиш на месје Жан и останатите приватни болници. Гледате, хуманоста е на колена во оваа проклетија!

И да ти влезат дома ојлевци дојлевци да те попишат со глупи пелени на уста, откако посетиле 50 други станови. На Свети Никад!

Башка муабет е дека целиот попис е за љубов на ДУИ. Мора да се пребројат пред да побараат отцепување или федерализација. Тоа е клинчот во кој се наоѓаме. Меѓу пираните за Санстефанска Бугарија и оние за Голема Албанија. Гледате дека работат заедно.

Тоа е целата приказна.

На основа на тој попис ќе си бараат територии. Ако пропадне, ја губат таа алатка за прекројување на Македонија.

Одма се сфаќа дубарата, освен ако си глупав или предавник. Или и двете.

Ако се попишете само им давате легитимитет на наместениот лажиран попис. И што е поопасно, здравјето на сите блиски го ставате на коцка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This