September 29, 2022, 10:24 pm

Ceдницa зa дoвepба нa Влaдaта во четврток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку премиерот Зоран Заев не поднесе оставка утре до 14.30 часот, како што денес најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ААА, Беса и Левица утре ќе покрене постапка за изгласување на недоверба на Владата.

Засега, Заев не одговара на прашањето дали оставката што ја најави после вториот круг од локалните избори ќе ја поднесе до рокот поставен од опозицијата. Од неговата СДСМ, пак, само посочуваат дека тој не го повлекува зборот дека ќе се повлече, но нема да се ориентира според туѓи ултиматуми.

Патем, од партиските соопштенија на социјалдемократите се добива впечаток дека се уште актуелната власт ќе ја остави опозицијата да отвори процес за (не)доверба на Владата, за што треба да обезбеди најмалку 61 глас, односно сите што се потпишале на иницијативата да стиснат зелено копче и на собраниска седница.

Според Деловникот за работа на Собранието, прашање за доверба на Владата може да поднесат најмалку 20 пратеници, во писмена форма и со образложение. Потоа, спикерот Талат Џафери прашањето за доверба веднаш го доставува до пратениците, Владата и претседателот на државата.

Притоа, роковите како тече постапката се многу прецизни. Членот 215 од Деловникот предвидува дека за поставеното прашање за доверба на Владата, претседателот на Собранието веднаш свикува седница, која се одржува третиот ден од денот на поставувањето на прашањето.

Со други зборови, доколку утре биде поднесено барањето за доверба на Владата, собраниската седница мора да се одржи во четврток, при што се води расправа и на крајот на денот се гласа. Ако на Владата и е изгласана недоверба, премиерот до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа.

Доколку Заев сепак одлучи да поднесе оставка пред да биде поднесено барање за доверба, тогаш Џафери има обврска таквата оставка да ја стави на дневен ред на првата наредна седница, на која оставката ќе се констатира, без расправа или гласање.

Дел од аналитичарите сметаат дека постои голема извесност од пад на актуелната влада, но, според нив, тоа не подразбира и дека е создадено парламентарно мнозинство од 61 пратеник за избор на нова влада. Затоа, како реална опција за надминување на ситуацијата се наметнуваат брзи предвремени парламентарни избори.

Извор: fokus.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This