дома Македонија Ceгa штo пpaвимe??: Cпopeд извeштajoт oд Пaтoлoгиja, opгaнитe нa poдилкaтa Веапоска билe...

Ceгa штo пpaвимe??: Cпopeд извeштajoт oд Пaтoлoгиja, opгaнитe нa poдилкaтa Веапоска билe извaдeни здpaви

Повеќе медиуми објавија извештај од Патологија до кој дошла родилката од Дебар, Јилдз Веапоска која по породувањето од страна на директорот на струшката болница остана без три органи, матка, бубрег и јајник.

Телма јавува дека Веапоска тврди оти без да бидат прашани таа и нејзиниот сопруг, д-р Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на Патологија.

-Од она што може да се види наодот е 4 дена после операцијата, а Веапсока се сомнева дури и дали се нејзините органи. Од друга страна вели дека се работи за здрави бубрег и матка, пишува Телма.

Вчера излезе стручниот наод од вештачењето на случајот од страна на Лекарската комора. Но, деталите ги соопшти Министерството за здравство.

-Пациентката била соодветно примена, а лекарската екипа навремено регирала кога се појавиле првите знаци на влошување, се вели во деталите што ги испрати Здравство.

Семејството поднесе Кривична пријава против д-р Асани, но Веапоска вели дека досега не била повикана во Обвинителството за да даде свој исказ за случајот. Единствено, била повикана за случајот со нелегалната ординација на Асани која се наоѓа во неговиот дом, но само во улога на сведок.

Од Обвинителството, пак, уверуваат дека активно се постапува по двата предмети. И за илегалната ординација и за случајот со Веапоска.

Појаснуваат дека се сослушуваат лица кои можат да дадат податиц, се прибираат материјални и вербални докази, а откако сето тоа ќе се комплетира, ќе се направи анализа и ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за двата предмети.