дома Балкан Ceла peBолтиран: Одбиена тужбата за Вулин за тоа што Албанците ги вика...

Ceла peBолтиран: Одбиена тужбата за Вулин за тоа што Албанците ги вика „Шиптapи“

Вишиот суд во Белград ја одби како неоснована тужбата од Националниот совет на Албанците против министерот за одбрана Александар Вулин, кој го обвини за дискриминација со тоа што често во јавноста ги нарекува „Шиптари“.

„Судот на 28 декември донесе првостепена пресуда со која го одби тужбеното барање за утврдување дискриминација од Законот за забрана на дискриминација“, изјави портпаролката на Судот, Татјана Тешиќ, додавајќи дека во тек е жалбената постапка.

Националниот совет на Албанците бараше од Судот да утврди дека Вулин ги дискриминира Албанците бидејќи тој, како што објасни пратеникот и претседател на Партијата за демократско дејствување, Шаип Камбери, министерот постојано и јавно го употребува „навредливиот термин ,,Шиптари“, наместо официјалната терминологија во Србија „Албанци“.

„Револтиран од српската институционализација на говорот на омраза и на албанофобијата со тоа што белградскиот Виш суд го прогласи министерот Вулин за невин за повторено користење на навредливиот израз Шиптар. Духовите на Милошевиќ се живи во земјата што преговара за членство во ЕУ. Срам за Европа!“, реагира лидерот на Алијансата за Албанците и пратеник во македонското Собрание, Зијадин Села.